Текстот од декларација за Гоце Делчев сеуште не е распределен по пратениците затоа што не бил преведен, е изговорот на собранието за одложување на декларацијата за наредната седница, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. Опозициската партија предлага декларација со која Делчев ќе се прогласи за клучна личност во македонската историја, на што Владата и СДСМ се спротиставуваат велејќи дека тоа не е потребно.
Спикерот Џафери се оправда дека иако материјалот е пристигнат наврмено, истиот треба да е поделен по пратениците за да започне законодавна постапка, а истото не се случило поради различни причини како што е превод на албански, поради што декларацијата останата за наредна седница. Пратениците на СДСМ и ДУИ вчера ја напуштија седницата на Комисијата за надворешни работи на Собранието, откако ВМРО-ДПМНЕ побара да се дискутира за декларацијата.
„Да ги оставиме дневно-политичките препокувања, на демократски начин да поразговараме за оваа декларација“ – Побара Мицевски и замоли декларацијата да се стави како 12 точка, иако побарале да биде прва, на штои пратениците на СДСМ гласно се насмеаа, по што тој порача дека не е за смеење затоа што темата е најсериозна досега.