Еден од најуспешните македонски научници во светот нема дилеми што е планот на брзата реформа на образованието.
Во интервју за емисијата „Што не е јасно“ со Љупчо Цветановски на телевизија Алфа, претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев со прецизен опис на обидот да се укине предметот историја.
Коцарев изјави дека реформите на Министерството за образование и наука имаат за цел да го избришат предметот историја, и да се заборави на неговата улога во воспитно-образовниот процес.
“Единствена цел е да се избрише од наставната програма во основното образование предметот историја. Никој не против пишување на нови учебници по историја и воведување на нови наставни методи и алатки за усвојување на историските содржини, но не само во Македонија. Меѓутоа да се избрише предметот историја во овој момент и притоа да се заборави местото и улогата на предметот историја во воспитно образовниот процес на младите генерации во Европски и меѓународни рамки и важноста на историската свест на современите генерации за историското минато и за политичката и културна историја на Македонија е навистина непотребно”, вели Коцарев.
Според академикот, МАНУ треба да даде една критичка анализа на концепцијата за основно образование, самиот факт дека МОН бара да се направи до крајот на јануари 2021 година во краток рок е нетранспарентен и покажува дека односот на политичарите спрема образованието што не е прв пат, не е само несериозен, туку е деструктивен и понижувачки.
Повеќе >> expres.mk