МВР уапси осум терористи во Скопје и Куманово во акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност на Македонија.
Уапсените се сомничат дека се членови на терористичка организација.
Вчера беа извршени повеќе претреси на повеќе локации во Скопје и Куманово.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал веднаш вчера поднел и кривични пријави против Б.Ф. (32), Б.Г. (27) и Ј.К. (25) од Скопје и И.М. (22), Д.А. (21), Р.А. (31), С.И. (31) и А.С. (21) од Куманово за сторено кривично дело „терористичка организација“.
Имено, Б.А. од Куманово создал тетористичка организација во која покрај претходно притворените В.А. и Е.Љ. членувале и сега приведените врз основи на идеолошката матрица на терористичка организација Исламска држава (ИСИС), за извршување на убиства и уништување на јавни објекти со намера да се создаде чувство на несигурност или страв кај граѓаните.
За остварување на таа намера членовите на групата преземале повеќе подготвителни дејствија, обезбедувале финансиски средства и набавиле оружје, муниција, воена опрема, изработиле импровизирани експлозивни направи и потоа изведувале пробни испалувања и активирање на импровизираните експлозивни направи и оружјето кое што го набавиле.
Членовите на терористичката група за меѓусебна комуникација претежно ја користеле интернет платформата „Ватс ап“ каде меѓудругото го договарале начинот на транспорт на оружје и начинот на изработка на самоубиствени појаси.
Б.Ф. учествувал и во паравоени формации надвор од територијата на државата, како припадник на терористичка организација ИСИС во Сирија.
Станува збор за лица кои се директно поврзани со групата што претходно беше уапсена во Куманово.
Извор на видео : МВР