Несомнено, политичката ситуација по бугарското вето ќе влијае на работата на Заедничката историска комисија, но, сепак, сметам дека таа треба да продолжи да работи. Надминување на недоразбирањата можат да се случат само преку дијалог, преку разговори, рече копретседавачот на македонскиот тим проф. Драги Ѓоргиев во интервју за „Слободна зона“ на бугарската телевизија. „Европа“.
Тој најави дека следниот состанок на заеднилката комисија треба да се случи на 3 и 4 декември, а ќе биде онлајн поради пандемијата.
-После блокадата од страна на Бугарија, овде се интензивираа негативните коментари за тоа. Веќе има притисок врз комисијата да ги прекине преговорите. Јавноста е и разочарана, но и бесна поради овој потег на Бугарија. Несомнено, тој притисок од јавноста се пренесува и врз членовите на комисијата. Се разбира, политички досега од ниту еден фактор не сме имале притисок, но од медиумите и јавноста е навистина голем. Се чувствува, но како што реков, јас сум за продолжување на работата на комисијата, додаде Ѓоргиев.
Повеќе >> Tv21