Вистинска драма се случувала на Клиниката за детски болести за спасување на животот на десетмесечното бебе, за кое се утврдило дека има тумор во мозокот, компликација за која лекарите сметаат дека е од Ковид 19, со кој било зазаразено бебето и неговата баба која го чувала. Бебето кое е швајцарски државјанин со специјален авион е префрлено во болница во Цирих, за што специјално бил отворен скопскиот аеродром. НОВА ексклузивно ги објавува фотографиите од преземањето на бебето со медицински авионски транспорт, со т.н. мини болница, организиран од страна на здравствените власти во Швајцарија.
Десетмесечно бебе во тешка и многу комплицирана здравствена состојба било донесено во неделата попладне на Клиниката за детски болести. Бебето кое е швајцарски државјанин, имало висока температура, грчеви и нарушена свест, а на клиниката било примено заедно со неговата баба која го чувала бидејќи неговите родители живеат во Швајцарија.
Вистинска драма се случувала на клиниката за спасување на животот на бебето, утредента кога се покажало дека бебето има тумор во мозокот, а се потврдило дека тоа и неговата баба се позитивни на Ковид-19. Информацијата за НОВА ја потврди и д-р. Наташа Најдановска Алулоска, директорка на Клиниката за детски болести.
“Детсетмесечното бебе беше донесено во неделата поладне во тешка состојба, со грчеви и покачена температура. Нашите итни анализи покажаа дека се работи за тумор на мозокот. На Клиниката остана 24 часа. Во текот на престојот добиен е и позитивен резултат за Ковид-19 кај детето и бабата, која се грижи за детето“, потврди за НОВА, д-р Најдановска Алуловска.
По ова започнала борбата бебето да се одджи во живот и да биде префрлено во Швајцарија, во Клиничкиот центар во Цирих.
НОВА ексклузивно ги објавува фотографиите од специјалниот медицински авионски транспорт, со т.н мини болница, организиран од Швајцарија.
„Ова е прв случај на дете со толку сериозни компликации од Ковид-19 каде најверојатно коронавирусот предизвикал неутропност на мозокот, односно туморозна формација“, изјави за НОВА, д-р Аспазија Софијанова, која во понеделникот утрината инцирала снимање на КТМ каде се покажала туморозна формација, а откако стигнал и резултатот од тестот за Ковид-19, кој бил позитивен, веднаш ги известила родителите на бебето во Швајцарија.
Софијанова објаснува дека веднаш го известила Кризниот штаб на клиниката за сериозната и комплицирана состојбата на бебето, како и таткото на бебето.
„Кога го видов бебето во таква состојба некое внатрешно „шесто чуло“ме натера да веднаш да се направи снимање на КТМ и се покажа дека има туморозна формација, суспектен папилом. Кога му соопштив, таткото кој е швајцарски државјанин веднаш го активира неговото здравствено осигурување и за пет минути ми се јавија од Клиничкиот центар во Цирих. Со лекарскиот тим бев за цело време во комуникација, даваа инструкции, се интересираа, прашуваа што имам преземено, како се движат сите параметри“ раскажува за НОВА, д-р. Софијанова.
Со лекарскиот тим од швајцарскиот Клинички центар било организирано бебето со специјален медицински авион, да биде префрлено во Цирих.
Додека го организирала сето тоа, бебето во еден момент престанало да дише, снемало пулс и веднаш започнала борбата за спасување на неговиот живот.
„Додека разговарав на телефон бебето одеднаш покажа нула дишење и нула пулс и истиот момент мораше да се реагира, беше интубирано и поставено на механичка вентилација. Колегите од Цирих прашаа дали е отворен нашиот аеродром и ми соопштија дека по бебето ќе дојдат точно во 23 часот и 22 минути, вечерта. Немаше време за чекање мораше брзо да се делува, беа известени министерот Филипче, МНР, МВР, беше организирано да се отвори аеродромот за да го превземат и транспортираат бебето, за таму да му се даде шанса за живот“, вели д-р Софијанова.
Вечерта со возило на Итната медицинска помош бебето било транспортирано на скопскиот аеродром, а како што било кажано, специјалниот авион од Цирих слетал точно во 23 часот и 22 минути, истиот ден во понеделник вечерта.
„ Сите бевме со висок степен на заштита. Швајцарскиот медицинскиот тим имаше врвна опрема, го превземаа бебето кое беше на механичка венталиција многу внимателно, го ставија во специјална капсула, се се одвиваше виско професионално, по строги протоколи, по што беше извршена и дезинфекција“, раскажува д-р Софијанова, која со уште една медицинска сестра од Итната медицинска помош го предале бебето на швајцарскиот медициски тим.
Со ова е дадена шанса за живот на бебето кај кое Ковид-19 направил компликации. Последна информација е дека бебето е хоспитализирано во Клиничкиот центар во Цирих, вели Најдановска Алуловска.
„Возило на Итна медицинска помош во придружба на специјалист од клиниката од одделеот за интензивна нега и терапија го трансферираше детето до аеродром. Последната информација е дека е хоспитализирано во болницата во Швајцарија“, вели директорката, д-р. Најданосвка Алулоска.
Да не се случело ова, не се знае каков ќе беше исходот на лекување на бебето во нашата држава. По ова, бабата на бебето со возило за Итна медицинска помош била пратена на Клиниката за инфективни болести во Скопје.
Но, бидејќи и таа престојувала 24 часа на Клиниката за детски болести заедно со бебето, на одделот за пулмологија на третиот спрат, а веројатно и се движела таму, ја прашавме директорката, д-р. Најдановска Алуловска што е направено за заштита на другите деца и персоналот.
„Тим од епидемиолози направија увид и три члена од персоналот се карактеризирани со среден ризик и се ставени во домашна самоизолација. Бебето беше во многу тешка, комплицирана и драматична состојба и навистина мораше да се делува ургентно и медицинските сестри беа постојано покрај него. Веднаш е направена дезинфекција, а патеката на движење е запазена, немаше други деца, бебето беше изолирано во собата“, изјави Најдановска Алуловска.
Таа додаде дека на сите оддели постојат соби за изолација доколку некое дете е сомнително на Ковид-19 и како што рече, заради ова не постои ризик од зараза на другите деца кои се хоспитализирани на клиниката.
Извор: novatv.mk