Професорката и министерка за правда, Рената Дескоска е номинирана да биде член на Венецијанската комисија, каде досега државата ја претставуваше професорката Тања Каракамишева. Дескоска ја потврди одлуката на Владата и дополни дека се надева оти ќе може да го усогласи законодавството на Македонија со европското. Таа тврди дека не е спорно што Владата номинирала министер за да биде член на комисијата.
Рекациите беа како тоа министерка да биде и член на Венецијанска. Дескоска на својот профил на социјалните мрежи го образложи предлогот:
Се надевам дека од јануари, по истекот на мандатот на постојниот член на Венецијанската комисија, ќе можам да придонесам за целосно хармонизирање на нашето законодавство со европското. Земјите кои често праќаат закони на мислење до Венецијанската комисија, избираат да номинираат за свои претставници министри, заменици министри или државни секретари, доколку истите ги исполнуваат условите, заради подиректна соработка со комисијата и целосна и искрена размена на ставови. Таков е примерот на Црна Гора која за свои претставници ги има министрите за правда и за надворешни работи, Србија чиј претставник е заменик министерот за правда, Романија, Унгарија… Секако, во моментов одлуката на Владата е само номинација…