Министерот за надворешни работи тврди дека луѓе се јавувале кај министри, политички партии, како и кај уредници на медиуми, се со цел свесно рушење на државната стратегија.
Имаше свесни обиди за рушење на државната стратегија која што сега верувам и дека ќе станат дел од некое испитување. Зошто е тоа така ќе покаже времето. Имаше луѓе кои што се јавуваа по телефони на министри, на уредници на медиуми, на политички партии, давајќи лажни податоци, а беше тоа во ситуација кога ние немавме јавен став. Објаснив зошто немавме јавен став- бидејќи се договоривме додека не се изгласа доверба на влада во Бугарија ние да не влијаеме. Во тој период се создаде таков контранаратив, но имаше такви кои свесно, преку лажни инфорамции да создадат такво мнение. Не можам да коментирам имиња, но ги знаеме луѓето. Тоа се луѓе кои ја предводеа оваа кампања, дури создавајќи анимозитет кон Република Франција, изјави Османи.
https://www.youtube.com/watch?v=8HFuJ0xTBPM