Јорданка Ивановска Јоци смета дека бркањето 33 Албанци од Комунална хигиета е смислено сценарио за етнички тензии на штета на ВМРО-ДПМНЕ за да не направат влада на следни избори со ниедна албанска партија.
„Бркањето на 33 Албанци од ,,Комунална” е добро смислено сценарио за етнички тензии и националистички набој, на штета на вмровци, да не направат влада на следни избори со ниедна албанска партија. А, мора со некоја.
#Косана и #Данела им истурија мочка денеска врз главите на вмровци, али сигурна сум дека веќе тоа го знаат, осим оние кои везе немаат, али плескаат со рачињата.
Косана е позната по ,,палење етнички пожари” уште во време грујово, и некој ја сокри да не ја слушаме како дрви qur во ,,бомбите” (хехе), али ај – предоцна ќе ви текне.
Сигурна сум дека во ,,Комунална” има уште 200 минимум кои ништо не работат, али нив никој не ги брка.
Идентичен ,,филм” како што беше и со брат му на Зуди (кој го постави Данелка, али истиве овие не ги избркал, хех).
А, се знае кој може да организира вакви театарски дејствија (двеве сигурно не).“, пишува Јоци.