Јорданка Ивановска смета дека новинарот Фуркан Салиу со неговото однесување предизвикал штета на вработената во Комунална хигиена Ана Марија Бранѓолица која пак, според најавите на МВР ќе заработи кривична пријава за „самоволие“. Јоци вели дека новинарот без дозвола нема право да снима во службени простории, како што тоа е случај во Комунална хигиена, а неовластеното снимање е кривично дело.
„#Оливер #Спасовски заедно со #Косана #Мазнева, експресно ја ,,решиле” Ана Марија Бранѓолица, иако никаде на видеото не гледаме дека таа некому, нешто одзема, напротив му кажува – да не снима и му го турка телефонот, по што не гледаме каде тој мобилен завршува!
Се слуша само гласот на Ф.С кој вели ,,врати го телефонот” (ја наведува јавноста да слуша она што не се гледа), иако тоа го нема во кадар!
Од друга страна, СНИМАЊЕ ВО СЛУЖБЕНИ ПРОСТОРИИ, БЕЗ ДОЗВОЛА, Е НЕОВЛАСТЕНО СНИМАЊЕ И Е – КРИВИЧНО ДЕЛО! Прави упад, иако вработената бара да излезат и да не снимаат.
А, Фуркан Салиу нема дозвола да снима со камерман, уште помалку со приватен мобилен! Тој немал ни дозвола од портпаролката за влез, впрочем и самиот тој тоа го кажа пред некој ден, немал поим која е Бранѓолица кога влегол кај неа!
Секако, имал поим, само немал дозвола за влез и снимање!
ЗНМ, ако уште таму има совесни ликови, уште еднаш да си се преиспита дали новинарот не го прекршил кодексот со однесувањето, дали снимал неовластено, дали предизвикал штета на вработената на работно место и во јавноста со сечење на видеото (снимката не е целосна), а со тоа голем е сомнежот за злоупотреба на легитимацијата за демонстрација на сила, криејќи се зад професијата!
И за крај.
Еден ден ќе види бел ден целово монструозно сценарио. Дотогаш, радувајте се што сте ,,насанкале” една исклучително професионална личност, како Ана Марија, која повеќе од десет години работи во КХС. Пошто и` сметала на монструмчето Косана Мазнева, која уште се вози на презимето на покојниот маж кој ја напраи чоек, иако експресно се премажи после тоа, пошто ,,ужалена удовица” ептен.
Али, за тоа другпат.
Има уште многу за Косана, 15 тома..“, пишува Јоци.