Новинарката Јорданка Ивановска – Јоци покрена неколку прашања во врска со убиството на Денис Тот и особено со хаотичната реакција на македонските власти. Таа го прозива обвинителот Бубевски зошто не ги истражи и сведоците на убиството – кои не му помогнале на несреќниот ракометар, но и не го пријавиле убиството иако со денови се ширеа лажни вести за смртта на Тот.
Јоци исто така го прашува министерот Оливер Спасовски дали го штити сопственикот на дискотеката Привилиџ, поради веројатно неукажување помош на повреденото момче и застојот меѓу нападот и хоспитализацијата.
Имаме обвинител на скопски огранок, овој Бубевски, кој не подига обвиненија против 7 соучесници за непружање помош при убиство и имено – непријавување на убиство од ниеден од нив.
Имаме и министер, оној Оливер, кој тврди дека уште нема поим колку време поминало од претепувањето до смрт па до хоспитализацијата.
Пошто ако каже, ќе треба и да одговори дали евентуално СДСМ заштитувало сопственик на дискотека без лиценца.
Ок, сега ќе им дојдат хрватскиве новинари, па ќе ги електрошокираат двајцава, кои се понашаат во манир ,,нисам одавде”, вели Јоци.