Државниот инспекторат утврдил дека немало пропусти во лекувањето на 6-годишната, Јана. Починала од срцев застој, труби пропагандата. За една недела можеби обдукцијата ќе прогласи дека била родена со срцева маана, воопшто нема да ме чуди.
И тука трагедијата ќе стане статистика.
Знаете што е најтажно, драги пријатели? Јана од просечно семејство од село Кравари, немала родители со БМВ или Мерцедес од 50.000 евра да ја донесат во Скопје за еден час во приватна клиника каде 15 лекари и сестри за 5.000 евра ќе прелетуваа и ќе ја спасеа.
Нејзините родители претпоставувам не се ни толку моќни за да потегнат 15 невладини организации да протестираат пред институциите за овој случај да не се заташка, да не се сокрива вистината.
Сите кои имаа интерес своевремено од смртта на малата Тамара, сега молчат.
Кариери и кеш направија од нечија смрт, не од барање правда.
Тажно е и што утре Јана ќе биде друго дете или возрасен и сите повторно само ќе леат солзи на социјални мрежи.
А, по ден-два истите ќе прават скара, life goes on. И така, сé додека истиот монструм од здравствен систем не го зграпчи секој од вас.
Јас сум ја поминала секоја дупка од скапаново здравство со моите покојни родители, ги знам сите скапаници како работат. Објавував видеа, пишував, ништо не е сменето 30 години.
Одличните кадри се во пензија, ретки се оние кои останаа активни, а се професионални и со знаење и љубов.
Искрено се надевам дека ќе ,,скинам” еден ден наеднаш.
Бидете сигурни. Овој монструм од распаднат систем, кој не сакате да го разрушите до темел за повторно да се роди како нов, ќе го зграпчи секој од вас, кога тогаш. Но, тогаш никој нема да ве чуе, ќе пишат за вас или ваши блиски – умрел од срцев застој.
И, толку.
(фејсбук статус на Јорданка Ивановска Јоци)