Новинарката Јорданка Ивановска – Јоци се повика на споменот на протерувањето на Македонците од Егејска Македонија како причина зошто Македонците морале да ги осудат наводите за руски воени злосторства во Украина.
Мене многу ми е јасен оној дел од народов кој не сака да верува во било кој геноцид, напротив дури и им е смешно. Пошто тоа ,,нешто” е далеку и не им се случува ним. Немаат сочувствителен однос кон нешто што е геноцид, немавме војна кога се распаѓаше екс ЈУ, немавме масовни гробници. Од онаа војна во 2001 поминаа две децении, не им загинаа нивни деца за да запаметат како беше, а заборавија и дека во нашата историја имаме егејски егзодус. Има нешто мрачно и бизарно во умовите на голем дел од нашите ,,мили, нежни, пристојни” граѓани. Секојпат кога сум имала статус за Сребреница и Палестина, навалувале стотици со монструозни коментари, онакви во кои чучи понекој мал убиец, кои се карале со мене, по што минимум стотина сум блокирала, вели Јоци.