Новинарката Јорданка Ивановска – Јоци ја обвинува ургентната клиника КАРИЛ за хаосот што се случи во известувањето за смртта на младиот хрватски ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт во клуб во Скопје. КАРИЛ и МВР известија дека на телото на Тот немало повреди, за денес јавноста да дознае дека ракометарот на клубот Бутел сепак бил претепан од три лица, од кои едното е во бегство – можеби користејќи ја првичната забуна за да побегне.
Најголемиот хаос околу смртта на младиот ракометар #Денис #Тот, вчера всушност го предизвикаа надлежните од КАРИЛ. Според нив, тој немал ,,видливи повреди” кога го реанимирале, а потоа го ставија во индуцирана кома. Се поставува прашањето – дали од КАРИЛ направиле томографија на глава за да констатираат ,,траума на глава” пред да истапат во јавност со изјавите кои ги слушнавме и семејството и јавноста да ги стават во заблуда дека станува збор за природна смрт. Ако не, зошто не⁉️ Немаат апарати или толку им е школото? ℹ Како и да е, вечерта, по смртта и предаденото тело за обдукција, директорката Маја Мојсова беше видена во кафаната ,,Чашка” во Козле.
Жива и здрава, секако, без видливи знаци на алкохол во крвта. Секако, не е забрането да се шета по кафани по скандалозна и сомнителна смрт на млад ракометар, странски државјанин, вели Јоци.
Таа повлекува споредба со убиството на Мартин Нешковски во 2011 година, од кое произлегоа обвинувања дека тогашната власт го прикривала.
За третиот во бегство, дознавме дуууриии денеска. Во медиумите се споменуваа ДВАЈЦА. А, сепак директорката на КАРИЛ, Маја Мојсова, вчера не видела траги од насилство и така некако ја информираше македонската јавност!? Хрватските медиуми се тие кои од рано наутро, вчера – најточно информираа! А, хрватската амбасада излезе на терен и изврши притисок врз нашите институции и така некако ја дознавме вистината! Јавноста со право се сомнева – дали МВР и КАРИЛ сакаа да сокријат терор и крваво убиство, идентично како што Јанкуловска сакаше да го сокрие убиството на Мартин Нешковски?, рече Јоци.