Дополнителен притисок врз домашните власти во хаотичната истрага околу убиството на Денис Тот вршат екипи на хрватските медиуми, кои се во Скопје и трагаат по мотивот за убиството како и за причините за непрофесионалниот однос на полицијата и клиничкиот центар.
Новинарот Фране Шариќ на Вечерњи Лист од Скопје известува дека истрагата треба да продолжи со утврдување зошто десетината сведоци на бруталното претепување на Денис Тот не му пружиле помош, што е исто така кривично дело. Шариќ посочува на противречните изјави на полицијата и на клиничкиот центар, за кои вели дека го излажале и семејството на ракометарот и „отвориле простор за разни сомнежи дека се прикрива вистината“.
Весникот ја пренесе и фотографијата на осомничениот убиец Анџело Ѓорѓиевски со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, чиј почитувач Ѓорѓиевски очигледно бил.
Новинарката Јорданка Ивановска – Јоци вели дека со доаѓањето на хрватските новинари, јасно е дека сите пропусти во истрагата ќе излезат на виделина.
Сега кога ќе им дојдат хрватскиве новинари на Ољо ружноно и оноа Бубевски, кој се паркира на диво по темници кај Буњаковец за да не плати, па му гори колата – кај и да е, ќе бараат двајцава виза за Аљаска! И ќе се кријат во игло! Они мислат хрватскиве журналисти се ко нашиве….ќе ги прашуваат по емисии за ,,реформ” торта, шо им готвеле бабите и од кај им се кошулите и фризурките! Ахм, да…
Допрва ќе читаме…. ни пола не знаеме!
За некој ден ќе сфатат што е у ствари светот на медиумите…, порачува Јоци.