Новинарката Јорданка Ивановска – Јоци предвидува дека Зоран Заев планира да стане претседател на Македонија на следните избори, кои се закажани за 2024 година.
Така Јоци гледа на средбите кои Заев ги имаше на меѓународниот форум во Анталија, Турција, каде најави формирање и на фондација – потег кој типично го преземаат поранешни претседатели.
Заев, има амбиција да го замени Пендаровски на функцијата, па полека преку истите фрази, овојпат преџвакани во фондации од типот ,,едно општество за сите”, се подготвува да трча за претседателски мандат во 2024, бидејќи знае дека му е потребен добар контингент од албански гласови за победа. Заев јава на бранот на заборав, каде сè потфрли, кај своите поранешни гласачи. Несреќана Венко ваљда ќе му биде шеф на изборен штаб, а можда и само декор. Нека си трепка ова до 2024 за оние што не веруваат. Токму ради овие причини, СДСМ, има намера да се поклопат парламентарни и претседателски во 2024, смета Јоци.