Аналитичарот Ненад Јовановиќ погоден од колумната на Ивица Боцевски во која тврди дека СДСМ е мртва партија и дека треба на нејзино место да се појави нова партија која ќе ги штити асномските придобивки, смета дека премногу им се дозволува на „овие луѓе“ во земјава:
Ивица Боцевски навистина нема срам. Оној базичен и човечки срам. Земал кутриот, во недостаток на креативност, дере против Ковачевски на грбот на покојната Илинка Митрева. Дере против СДСМ и Ковачевски, филувајќи ја темата во текстот, “Враќање кон асномското јадро на социјалдемократите”.
Дeмек СДСМ ја губи смислата затоа што се откажала од асномската традиција или така некоја слична глупост.
Абе, машко, елементарна култура е да напишеш некои подлабоки сознанија за госпоѓата Митрева, нејзините активности, надежи, стравови и сонувања. Тоа е елементарна почит за покојната, почит кон нејзиното семејство во крајна линија. А, ако Боцески не знае ништо за Митрева, а очигледно појма нема, само бесрамник и забеганко преку покојник се пресметува со своите неистомисленици.
На овие луѓе изгледа дозволено им е се’ во оваа земја? Дури и кога газат преку покојни луѓе.
Ме изеде туѓиот срам. Оној базичен и човечки. Фуј, пишува Јовановиќ.
Колумната што го погоди Јовановиќ:
https://makedonskivesnik.com/%d0%b1%d0%be%d1%86%d0%b5%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%81%d0%b4%d1%81%d0%bc-%d0%b5-%d0%bc%d1%80%d1%82%d0%b2%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%b1%d0%bd%d0%b0-%d0%b5-%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b0/