Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски за разлика од други политичари, ги поддржа граѓаните кои вчера скандираа против Бугарија на фудбалскиот натпревар.
„Народот секогаш е во право!
За разлика од многу мои колеги јас НЕ ги осудувам вчерашните скандирања на фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Бугарија, напротив тоа е реалната слика.
Народот реагира затоа што изминатиот период е манипулиран и потценуван од страна на нашите политичари од актуелната власт и од опозицијата.
Не, колеги политичари, не е народот грешка, народот постапува според своите емоции и чувства и не е тој виновен туку може да се виновни само оние кои го водат.
Затоа јас ги поддржувам граѓаните и нивниот искрен емоционален, национален крик.
Да живее Македонија, глава горе Македонци!“, напиша Јакимовски на неговата фејсбук страница.