Во Давос во Швајцарија во тек е големиот собир на Светскиот Економски Форум, кој се смета за светска влада во сенка.
Најмоќните луѓе во светот се собрани да договараат што понатаму, по епидемијата на корона вирусот, војната во Украина и другите кризи со кои се соочува светот. Но Давос е полн и со новинари кои сметаат дека овој собир е место каде што се создаваат, а не разрешуваат кризи.
Еден од нив е американскиот конзервативен активист Џек Пособиец. Тој сподели видео на кое се гледа како неколку швајцарски полицајци го сослушуваат само затоа што дошол во Давос.
Штотуку не уапсија во Давос, напиша Пособиец на твитер, покажувајќи како поголема единица швајцарски полицајци се собра да го испрашува.
https://twitter.com/JackPosobiec/status/1528770888321073153