КОМУ МУ Е СМЕШНО СИЛУВАЊЕТО?
Во скорешното интервју на Латас кај некојси јутјубер Стефан Лазаров, гостинот лабаво раскажа како тој и негови другари на 15 години групно силувале девојка во автомобил Фичо која првин едниот од нив ја натепал. За емисијата со Латас , јутјуберот Лазаров ќе рече- ИСКИНАВМЕ!
Да, ја искинавте последната надеж дека ова општество е нормално, ја искинавте последната трошка верба дека јавната сфера е хумана и емпатична и мене лично (а верувам и на многумина) ми го искинавте срцето.
Додека Латас раскажува, Лазаров се кине од смеење, што особено го радува раскажувачот. Се смеат заедно, заоѓаат во злорадост, исполнети од сопствениот успех. Едниот мисли дека е мангуп зошто силувал, другиот мисли дека е мангуп зошто ја има можноста ексклузивно да го сподели овој подвиг на силувачот.
Ми се преврте утробата, што од гадење, лутина и бес, што од немоќ. За жал, силувањето се случило одамна и во моментов освен признание нема речиси никаква можност за кривичен прогон. Дополнително, јутјуб каналот на Стефан Лазаров не е препознаен како медиум во нашите закони, па не подлежи на санкции. Единствено што ни останува е јавната осуда. Ни приближно доволно, ама единствено исправно.
(фејсбук статус на Ирена Цветковиќ)