Ване Цветанов распали по поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров кого го обвинува дека ги продал „соборците“ кои му помогнале да се качи на бината до Зоран Заев на историскиот митинг.
„Демократот” Никола Димитров ме блокирал за еден коментар на негов пост, за кој што остана без текст.
Заглави сиротиот во својата нарцисоидност и себичност…
Гајле му е за Македонија…
Зборува за ЕУ, а додека беше Вицепремиер за европски прашања беше ној со главата во песок по однос на државнички прашања….
Ги продаде своите соборци кои му помогнаа да се качи на бината до Зоран Заев на историскиот митинг, а тој во тоа време импровизираше да си игра трета опција, надевајќи се на лажните ветувања од еден дебел политички профитер тежок 200 милиони евра…
Благодарение на искрени соборци и многу разговори со неговите родители, Никола се качи на бината во клучниот ден, и стана Министер за надворешни работи…
Како Министер за надворешни работи тимски заврши некои процеси, НО НЕ САМ…. и нема право да си ги прибира заслугите само за себе.
Како човек-нечовек, не возврати на пораки за сочуство за смртта на неговата мајка која БЕШЕ ЧОВЕК.
Како Вицепремиер за европски прашања направи толку пропусти на професионален и човечки план, што НЕМА ЛЕГИТИМИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ЕУ…
Не сум излегол во медиуми од одамна… се повлеков…
Но за дебата со квазипаѕриотот и профитерот Никола Димитров во секое време…
Ако блокира на ФБ, нема да може да ме замолчи во јавен простор….