„Настапувајќи во емисијата ‘360 степени’, вршителот на должноста шеф на Вишото обвинителство Мустафа Хајрула изјави не сака да се малтретира со тоа колкава е довербата во правосудството. Според него, правосудството не е политичка партија, за да има потреба за мерење на рејтингот.“ – објави ТВ Алсат М.
ТВ Алсат М пишува. „Никогаш не би ми паднало на памет да ја малтретирам со тоа колкава е довербата во нас, дали таа е 8, или 10 проценти, затоа што на крајот на краиштата ние не си го мериме рејтингот. Ние не сме политичка партија, за да си го мериме рејтингот. Знаеме како работиме, знаеме под какви услови работиме и знаеме за секоја година врз основа на годишните извештаи колку се подобрува работата на Јавното обвинителство.’ – нагласи во оваа емисија Хајрулаи.“
„Тој тврди дека се веќе видни резултатите од работата на шефот на Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупција. „Веќе се забележуваат првите резултати откако Ислам Абази дојде на чело на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.’ – оцени во ‘360 степени’ вршителот на должноста на шеф на Вишото обвинителство Мустафа Хајрулаи.“
„Веќе имаме добри резултати во тоа Обвинителство. Првиот показател за тоа е дека меѓучовечките односи во тоа Обвинителство полека доаѓаат на задоволително ниво.’ – рече Хајрулахи.“