Фросина Ременски прашува зошто полицијата не го привела и лицето или лицата кај кои се криел Анџело Ѓорѓиевски – осомничениот убиец на ракометарот Денис Тот. Ѓорѓиевски пет дена се криеше од полицијата, што разбуди сомнежи дека некој во полицијата му помогнал да се скрие. По тврдењата дека осомничениот побегнал од земјата, тој конечно беше уапсен во Скопје, по преговори со полицијата.
По вчерашното предавање на првосомничениот за убиство на ракометарот Денис Тот на полицијата во ПС Аеродром, според полициската и првната логика требало да има и приведување на четвртоосомничен/ни соучесник за петдневното прикривање или помагање на сторител на кривично дело убиство барано по распишана потерница.
Има ли јатак ?
Не видов дека има информација за такво нешто од надлежните или одговор зошто не е сторено тоа.
По претпоставка дека, лицето во чиишто објект се криел осомничениот го пријавил осомничениот на надлежните има олеснувачка околност која не исклучува одговорност. Но, доколку тоа лице е идентификувано како сведок на настанот пред ноќниот клуб за време на критичниот настан, тогаш тоа воопшто не е олеснувачка околност.
Убаво е ова да се објасни на јавноста, особено на стручната наша и странска, за да нема дилеми кои не се дилеми ако се соопштат навремено.
Сепак овој случај е Криминалистички од Категорија А, вели Ременски.