Украинската јавност огорчено реагира на непроверените тврдења дека францускиот претседател Емануел Макрон, кој одржува редовни контакти со рускиот претседател Владимир Путин за време на војната, дал предлог Украина да отстапи дел од својата територија за да добие мир.
Париз официјално го негираше ова тврдење. Од Елисејската палата велат дека Макрон ниту еднаш не дал ваков предлог. Според шпекулациите во украинските медиуми, предлогот бил Русија да ги добие деловите од Украина кои се населени со мнозинско руско население, а за возврат војната да запре.
Во украинските медиуми се шират повици дали Франција или Германија – уште една земја која е релативно повлечена во досегашниот тек на војната – би прифатиле да отстапат своја територија во замена за мир.