Гувернерот на американската сојузна држава Флорида Рон ДеСантис реши да воведе нов задолжителен елемент во наставата – изучување на комунизмот и на ужасите кои ги предизвикала оваа идеологија.
ДеСантис е еден од водечките десничарски политичари во САД и се спомнува како сериозен кандидат за претседател. Тој е во отворена војна со левичарските политичари во Флорида, особено во областа на образованието, каде забрани наметнување на ЛГБТ сексуално образование.
Денес, на денот на жртвите на комунизмот, им изразуваме почит на сите што страдале под комунизмот и ги потсетуваме луѓето на уништувањето што произлегло од него, со над 100 милиони жртви. Во Флорида, секогаш ќе ја кажуваме вистината за комунизмот, изјави ДеСантис.
Во Флорида има голема заедница на Кубанци, бегалци од островот по комунистичката револуција на Фидел Кастро, кои се гласни противници на комунистичкото уредување и се залагаат за ослободување на Куба.