„Владата ќе го прифати сега францускиот предлог како таков, но и дури со тие параметри ЕУ нема да ги отвори преговорите со с.Македонија. Секој што вели поинаку ги измамува граѓаните.“ – вели Арбен Фетаи, раководител на Одделот за евроинтеграции во опозициската Алијанса за Албанците, во својата колумна со наслов „Францускиот предлог – без бугарското ‘амин’ за билатералните прашања Македонија може да брои до бесконечност“, која ја објави весникот на албански јазик „Лајм“.
Фетаи пишува: „Во центарот на францускиот предлог се наоѓа креативната европска двосмисленост. Тој предлог го предвидува следното:
1. ЕУ е неутрална во поглед на статусот на македонскиот јазик и се задоволува со ‘земањето предвид’ на едностраните изјави на бугарската и македонската страна.
2. Мерките за спроведување и годишните оценувања на Договорот за пријателство меѓу Бугарија и с.Македонија се составен дел на преговарачката рамка.
3. Согласноста на страните околу протоколот од втората средба на Заедничката меѓувладина комисија Бугарија-с.Македонија, формирана според член 12 од Договорот за добрососедство, е дел од политичките условувања од заклучоците на Советот на ЕУ.“
„Значи, без бугарското ‘амин’ во врска со билатералните прашања, с.Македонија може да брои до бесконечност.“
„Владата ќе го прифати сега тој предлог како таков, но и дури со тие параметри ЕУ нема да ги отвори преговорите со с.Македонија. Секој што вели поинаку ги измамува граѓаните.“
„Ќе се организира една средба –‘мамка’ како вовед во вистинската меѓувладина конференција, на која ќе бидат истакнати претходно споменатите параметри, но и вториот услов: промената на Уставот.“
„Очигледно е дека оваа Влада нема капацитет за спроведување на овие условувања и ќе ја обвини опозицијата, поради неотворањето на преговорите. Кажано поинаку, СДСМ-ДУИ му ги оставаат шепите на мечката во рацете на ВМРО ДПМНЕ и бегаат. Можеби и немаше друг избор.“