Министерот за правда Никола Тупанчевски, обвинителката Фатиме Фетаи, судијата Лазар Нанев, градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, поранешниот градоначалник на Охрид Никола Бакрачески и поранешниот премиер Владо Бучковски сепак на фудбалскиот натпревар во Палермо меѓу Македонија и Италија летале гратис, односно на трошок на Фудбалската федерација. И Тупанчевски и Фетаи цело време изјавуваа дека трошоците за престојот во Палермо ги платиле од приватна сметка. Гратис биле и влезниците во ложата на стадионот.
И покрај тоа што ветија, денеска само Фетаи објави дека за престојот во Палермо од своја сметка платила 24.000 денари за хотелските трошоци. За авионскиот транспорт и за влезницата на натпреварот се погрижија од ФФМ. Се препоставува дека истиот „аранжман“ важел и за Тупанчевски, Нанев, за Бучковски со двата сина, за Мерко и Бакрачевски, пишува порталот МКД.мк