Украинската амбасада во Македонија упати повик до сите странски државјани кои сакаат да се приклучат во легијата на одбрана – воена единица која се формира за борба против руските сили. Повикот е споделен на украински, македонски и англиски, и во него се споделува интернет страницата Бори се за Украина – https://fightforua.org. Амбасадата порачува дека преку борба во Украина, странците може да се стекнат со „вредно борбено искуство“ и тоа без виза.
На 27 февруари 2022 година, Претседателот на Украина апелираше до граѓаните на странски земји да дојдат во Украина, да се приклучат на странската легија и да се борат против напаѓачите рамо до рамо со Украинците. На волонтерите од легијата на странците им се обезбедува целосна поддршка и вредно борбено искуство, а визите се укинуваат, пишува во апелот.