Миленко Неделковски, кој важи за добар познавач на Русија и состојбите во Донбас и воопшто во Украина, на својот Фејсбук профил објави мапа за која смета дека ќе биде резултат на војната.
Крајниот исход, кусо објави Неделковски, без да дава дополнителни објаснувања.
Од мапата се гледа дека тој предвидува граница меѓу крајниот западен дел на Украина, регионот околу градот Лвов кој историски и припаѓал на Полска и е припоен кон Украина и Советскиот Сојуз по Втората Светска Војна, и остатокот од земјата. Според мапата, Крим е дел од Русија, регионот на Лвов, каде е и најголемата концентрација на унијатски, про-католички Украинци, е издвоен, а остатокот од земјата, каде доминира православното население, ќе остане заедно – веројатно под доминација на Украина.