Украинскиот војник Роман Грибов, кој бил распореден на Змискиот Остров, вчера доби орден на храброст.
Настанот сепак предизвика контроверзи, бидејќи украинските власти лажно ја информираа јавноста дека единица со дузина војници на овој осамен остров во Црно Море одбиле да се предадат на руски воен брод, и му порачале на рускиот капетан да „оди во мајчината“, по што сите биле убиени. За наводната храброст на Украинците се пишуваше на долго и на широко во западниот печат, дури и откако по неколку дена Русија информираше дека војниците се предале и се здрави и живи.
По некое време, дел од нив биле разменети во замена за руски воени заробеници кои ги држеле украинските сили. И сега Грибов, очигледно жив, доби и орден за храброст.
https://twitter.com/bopanc/status/1508813217006501889