Лидерот на ДС Павле Трајанов, екс шеф на македонската ДБК и екс министер за внатрешни работи, ја опишува реакција на поранешниот премиер Никола Груевски кога бил информиран за тајните снимки направени од него.
Кога дознав дека СДСМ поседува снимки извадени од ДБК на кои има разговори на многу политичари, веднаш ги известив Влатко Ѓорчев и Илија Димовски тие му кажале на Груевски. Тој ме викна, му реков дека СДСМ има снимки од сите политичари и дека дури бил сниман и неговиот стан со расправии со сопругата. Тој негираше, потоа ме викна пак и ми покажуваше некаков извештај од Израел според кој прислушкувале некакви жолти комбиња. Јас му реков дека снимките се од ДБК и дека треба да му даде отказ на Мијалков и да распише предвремени избори. Тој не ме послуша и ми рече дека ќе се обиде да го развлече процесот… вели Трајанов во емисијата на Васко Ефтов Во Центар.