Актерот Сашо Тасевски смета дека заканите на академикот Абдулменаф Беџети за отварање на паралелна албанска академија поради некаков револт е само обланда за идејата која постои од години наназад. Според него, ова е почеток на крајот на Македонија, а крајот е поделба.
„Она што го зборува Беџети за паралелна албанска академија е почеток на крајот.
А крајот е поделба на Македонија, откако ќе се излезе на референдум за отцепување.
Такашто приказните дека од револт го кажува тоа поради изјава на друг академик, се само обланда.
Отсекогаш тоа беше идејата.
Од 1991 па наваму.
И претходно.
И да констатирам:
Најголеми губитници од распадот на Југославија се Македонците.
Губитници се сите кои беа во таа федерација, но Македонците изгубија се!!!, вели Тасевски во неговата објава на фејсбук.