Актерот Сашо Тасевски посочува дека одлуката на Вселенската Патријаршија не е таква каква што се претставува во јавноста.
Краток цитат на севселенскиот, од признавањето на црквата: Го прима на општење НАРОДОТ на оваа црква…
Но тоа деца божји не значи и томос за автокефалност…
Старите познати византиски игрици. Те клецкам онака, ама да мислиш дека ќе те мажам.
Значи, нема автокефалност и нема народ таа помилувана црква
Кој народ оди во таа црква?
Нема право да се користи името македонска.
Ама ете Охридска може, како старата, ама не и македонска.
И без дефиниран народ.
Значи тој народ може да не е македонски што ја прави таа црква…
Може да е и бугарски, не знае..
И така во круг.
И ај сега да паѓаме во несвест од среќа.
Море мрш.
Ова, се вика. Мурџо еве ти коска да лижеш пред врата и ќе те погалам ако треба, ама внатре не можеш.
Па уште хистеријана: Ете, видовте Руската црква нејќе да не признае пак!
Па вие, како НАТО слуги, оружје им давате на нациазовците да тепаат Руси!
Што сакате, да ви кажат БРАВО?