Соборот на СПЦ денеска го одобри канонското единство на СПЦ Македонска православна црква, односно „Охридска архиепископија“, пренесуваат српските медиуми. Ова практично значи дека СПЦ ја потврди одлуката на Вселенската патријаршија од пред една недела но не и даде автокефалност на МПЦ-ОА.
Скандалозен крај во преговорите меѓу МПЦ-ОА и СПЦ. Соборот на СПЦ ја врати Македонската црква во автономен статус од 1959 година. Она што е скандалозно е што Соборот на СПЦ таквата одлука ја донел, како што вели по барање на Синодот на МПЦ-ОА, Со други зборови, САС на МПЦ-ОА испратил барање до СПЦ во кое го прифаќа канонскиот статус доделен во 1959 година. Дополнително скандалозно, ако е тчно дека МПЦ-ОА на тоа се согласила, е што за иден автокефален статус треба да има сеправославнна согласнот од сите цркви, што практично значи можност за вето, коментираат познавачите на ова прашање од порталот Религија.мк.
Засега е нејасно дали МПЦ ќе ја прифати српската понуда, или пак повеќедеценискиот спор ќе продолжи во недоглед.