Дали знаете држава во светот во која не се случуваат вакви работи? Да не создаваме погрешна перцепција во јавноста. Државниот апарат мора да биде ефикасен во борбата против корупцијата и против кривичните дела, подеднакво да одговори без разлика за кого станува збор., вели во интервју за Радио Слободна Европа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски одговарајќи на прашањето „ Како граѓаните да имаат доверба во полицијата кога од нејзини магацини се краде, а полициски службеници примаат поткуп?“.
-Тие постапки да бидат транспарентни и да бидат неселективни. Секако дека постојат низа на механизми, на мерки коишто се преземаат и впрочем поради преземањето на таквите мерки, посебно во делот на антикорупциската политиката, Република Северна Македонија се искачи на скалата во однос на борбата против корупцијата и криминалот. Тоа е доказ дека сите институции преземаат низа на мерки во делот на антикорупциските активности. Секако дека мора да работиме за да се стесни просторот, да се намали нивното на корупција и во институциите, а најважно од сè е да имаме ефикасност во откривањето на случаите. Така што, кражби се случуваат насекаде, престапници и криминалци постојат насекаде, но важно е државата да има вистински одговор и оние коишто направиле кривични дела да се изведат пред лицето на правдата. “, посочува Спасовски.