Британскиот весник „Дејли Мејл“ објави дека е можно дури една четвртина од смртните случаи од Ковид всушност да биле предизвикани од други болести. Веста предизвика бурни реакции во Британија, но социјалните мрежи како Твитер реагираа бргу и ја цензурираат на интернет – ставајќи предупредување за сите читатели дека се работи за „небезбедна содржина“.
Повеќе од две години од појавата на вирусот, се уште немаме одговор на едно просто прашање – колкумина починаа од вирусот?, пишува „Дејли Мејл“ во текстот во кој се отвара тезата дека многу случаи на пациенти кои починале од друга причина, но имале корона вирус, биле броени како смртни случаи од Ковид.
Истражувањето покажало дека некои болници барале позитивен Ковид тест пред да ја запишат смртта на некој пациент како да е предизвикана од Ковид, но некои болници не го поставувале тој услов. Во некои случаи, смртта на пациенти во домови за стари лица била припишана на Ковид откако лекарите ќе го прегледале телото преку видео врска.