“Советниците од Левица во Велес не оддадоа почит на Лопушник на 13 јуни кога е убиен Рацин, со што покажаа крајно непочитување на великанот!”
Да бев ко вас драги мои “другари”, еве вака ќе напишев кога ги видов сликите од Лопушник на кои не сте вие присутни. И немаше ич да ми е гајле што сте имале оправдана причина зошто не сте таму, исто како што вас не ви е кога пласирате лаги во јавноста зошто бил или не бил некаде градоначалникот, или зошто си заминал порано. Оти свесно ја извртувате реалноста, притоа “заборавајќи” да кажете или прашате зошто е тоа така, само за да може да направите театар. Оти само за тоа и ве бидува.
Вие ќе имате право да ја коментирате програмата само тогаш кога ќе преземете одговорност за да организирате нешто и самите, а не секој пат да си ги миете рацете од одговорност. Или кога веќе била толку очајна програмата, тогаш зошто се фалевте по ФБ со слики од секој настан? Оти нормален човек со очај не се фали, нели? Или јас нешто сум грешка?
А тоа што ваш советник ја додели наградата е знак на добра волја за нормална соработка, која за нареден пат ќе се размислам дали ја заслужувате оти секако ќе ја извртите вистината ко што вам ви одговара.
Нејсе… Вчера едните, денес другите. Да не е смешно ќе беше трагично. Едните лажат за да си го покријат својот неуспех во минатото, другите оти се што знаат е само да продаваат приказни по социјални мрежи.
За вакви ситуации баба ми викаше: “Кучињата лаат, караванот си врви”. Само продолжете, на крајот делата зборуваат.
(фејсбук статус на Александра Андреева)