Идат полека нови претседателски избори и Пендаровски го пуштил својот стар добар политички инстинкт и рефлекс кој толку добро го служеше сите овие години во битката да стигне таму каде што е. Но време е за жртвување претседателе, не е време за само промоција и билдање на личниот рејтинг. Време е да се жртвуваш како политичар па и како човек за доброто на рајата која те гласаше и која те плаќа да живееш како крал на врвот на Водно, пишува Ивановски во обраќањето до претседателот Стево Пендаровски.
Овој народ друже претседателе 40 години те плаќа да бидеш советник, пратеник, претседател, и време е да и вратиш на оваа земја и овој народ, но не со тоа што ќе одиш по стапките на Хорхе или Бранко и ќе го учиш народот да јаде корења, од корења народов му паднаа забите и доби чир на желудник.
Ово народ сака да јаде стекови и ракови друже претседателе, а за тоа да се деси ќе морате вие горе што сте да се жртвувате, како Заев или Борис Трајковски чиј што советник си бил а си бил близок и со Заев и јасно ти е што зорувам. Биди храар друже претседателе, знам дека е страшно за човек како тее да има речиси нула рејтинг и да го пцујат на улица, знам дека за политичарите како тебе тоа е рамно на смрт, вие живеете за да бидете сакани, обожавани, гласани, да влезете во историјата, да ве има на слика на ѕид у школите, улиците да го носат вашето име!
И не се секирај, ќе биде можеби така ама после 30 години кога ќе се освести народот, ако некад воопшто се освести, еве во Србија на пример пак се величи Слобо а Зоран Џинџиќ пак е предавник, но тоа и не е толку важно, важно е што ќе бидеме членка на ЕУ и ќе имаме мирен Балкан со решени сите главни пролеми. За да се случи тоа вие политичарите ќе морате да се жртвувате и да си ги уништите вашите политички кариери. Нема друго чаре, нема шанси народов после 100 години српска пропаганда преку ноќ да се освести и да прифати компрмис со Бугарија. Тоа е едноставно невозможно! Ќе мора вие како мудри начитани одговорни да го понесете товарот и ГЗ ГЛАВА да не убутате во ЕУ, се слушаме ли друже претседателе?
Знам дека читаш Мактел, те молам послушај ме, или барем размисли за ова. Јас те подржав да станеш претседател и не се каам за тоа, сакав да имаме независен претседател кој ќе мисли со своја глава. Сега мислам дека треба да го направиш чекорот кој го чекаме 30 години и конечно да тргнеме кон ЕУ и да почнеме да го богатиме народот, тој е на колена оваа криза го дозакопа, не му треба нов хаос, нова неизвесност, нови стагнации, му треба продор напред и не смееме сега да се трткаме и врткаме и да раниме некои наши фрустрации и несигурности кои скапо ќе ги платиме, дајте да идеме напред моќно и без многу паламудење! И Борис Трајковски можеше да биде себичен и да билда личен рејтинг и да ја втурне земјава во граѓанска војна но тој реши да се жртвува 2001-ва и земјата се спаси но тој на анкетите имаше само 3% популарност. Слично е и со Зоран Заев кој можеше да се прави мутав и да има 70% рејтинг после падот на режимот и да не ја внесува земјата во НАТО и да си свирка едно 20 години на врвот на македонската политика, но тој реши да се жртвува. Не биди жртва на анкетите претседателе Пендаровски, биди одговорен и храар, не биди сеична кукавица.