Весникот „Њујорк Тајмс“ пишува дека американското разузнавање им дава информации на украинските сили кои досега биле искористени да бидат убиени дузина руски генерали. Ова фрла нова светлина на еден од најчудните моменти од руската војна во Украина – големиот број на високи руски офицери кои досега беа убиени. Но, со сознанието, се заоструваат односите меѓу САД и Русија и светот доаѓа поблиску до Трета Светска Војна.
Според „Њујорк Тајмс“, досега Украинците убиле дури 12 руски генерали. „Овие напади се извршени со помош на детални теренски разузнавачки податоци кои администрацијата на Џо Бајден им ги даде на Украинците. Овие разузнавачки податоци помагаат и да се предвиди движењето на руските сили и е дел од американските проценки за тајните планови на Москва за борба во областа Донбас воо источна Украина“, пишува весникот, кој додава дека нивните извори во разузнавачките служби не сакале да кажат колкумина од овие 12 генерали биле убиени со американска помош.
Информациите од САД биле искористени за прецизни артилериски и други напади со кои биле убиени генералите. Американски извори тврдат дека и потопувањето на рускиот крстосувач „Москва“ исто така било извршено со американски разузнавачки податоци.