Во своето вчерашно обраќање во кое соопшти дека ја признава независноста на Доњецк и Луганск од Украина, рускиот претседател Владимир Путин воедно открие дека во минатото побарал членство на Русија во НАТО. Но, овој предлог, кој можеше да ги избегне веќе едно и пол децениските кризи во Украина и Грузија, бил одбиен од тогашниот претседател на САД Клинтон.
Не сум зборувал јавно за ова, сега ќе го откријам за првпат. Во 2000 година, за време на неговата посета на Москва, го прашав тогашниот претсдател на САД Бил Клинтон како САД би реагирале ако Русија влезе во НАТО? Не би ги откривал деталите на тој разговор, но реакцијата на моето прашање беше многу воздржана, а како Американците реагираа на оваа можност може лесно да се види од нивните практични чекори кон нашата земја. Тие отворено ги поддржуваа терористите во северн Кавказ, ги игнорираа нашите барања и безбедносните прашања во врска со проширувањето на НАТО и се повлекоа од анти-ракетниот договор. Добро, не сакате во нас да видите пријател и сојузник, но зошто правите непријател од нас? Не е во прашање нашиот политички систем, туку нешто друго – на нив не им треба една толку голема и самостојна држава како што е Русија, изјави Путин.