Наша должност е да ги чуваме спомените на оние поради кои сме победници и да не ја повториме светската војна. Изминативе години се обидувавме да ги одржуваме мировните договори, но не сакаа да не слушнат. Имавме потполно други планови. НАТО активно оди во правец на нашите територии, а тоа е апсолутно неприфатливо. НАТО работи со украинските нацисти, Украина го добива најмодерното оружје. Одлуката за воената операција, беше единствената исправна одлука – рече Владимир Путин во својот говор на големата парада во Москва по повод Денот на победата над фашизмот.
Путин не најави општа мобилизација, како што некои шпелулираа, но Кремљ веќе таквите информации ги демантираше и ги нарече „глупости“. Околу истокот на Украина, Путин изјави дека населението во Донбас поддржано од Русија, која „се бори за семејствата и нивната егзистенција“. Тој најави и помош за децата на загинатите војници во Украина, што е едно од ретките признанија за руските загуби.
За Русија! За победа! – извика Путин на крајот од својот говор.