Полска денес најави шокантен договор кој наводно го постигнала со САД – таа ќе им ги даде сите свои летала од типот МиГ-29 на САД, а за возврат, САД ќе и даде американски борбени авиони Ф-16.
Леталата од руско производство ќе бидат пренесени во американската воена база Рамштајн во Германија, од каде, по се изгледа, ќе им бидат отстапени на Украинците. Според Министерството за одбрана на Полска, ова ќе отвори можност НАТО во целина да донесе одлука што да прави понатаму со модерните ловци. Доколку и ги отстапи на Украина, Украинците би можеле да ги искористат авионите, кои им се добро познати, и да употребат за заштита од руските воздушни напади.
Од друга страна, употребата на воена база на САД во Германија за борбени летови против руските авиони секако би значело објава на војна на овие две земји против Русија. Затоа, НАТО досега повеќе пати и кажа на Украина да не се надева дека западните сојузници ќе прогласат зона на забранети летови над Украина, или дека ќе и дадат борбени авиони. Ако Полска и ги даде леталата на Украина, тие секако ќе бидат уништени пред да полетаат од украинските аеродроми. Користење на бази во трета земја би им дало шанса на авионите да полетаат, но би ја проширило војната.