Градоначалникот Стевчо Јакимовски во емисијата Тешки муабети на Инфомакс пренесе порака од негова колешка:
– Ми се јави сабајле Горан од Илинден незгоно му е тој да Ви каже, се видел на една обука со Белчев, му ркол дека на состанок со Мицкоски истиот изјавил дека кога ќе дојдат на власт ќе ве изнесат со лисици на рацете на што Горан бурно реагирал, цитира Јакимовски кој упати порака до Мицкоски:
– Полека ми доаѓаш преку глава , на многу луѓе сум им простил ама гледај, еве јавно ќе ти кажам Хрстијан, пази да не го јадеш ти за сите досега.
На мајка ти миразот да не е судот, ако си маж дојди овде не на деца да се закануваш, сакате на друга телевизија, сакате на вашата, каде сакате таму. Кога не можете реторички да се справите со мене на повик ви е судството и обвинителството.
Влегол во филм на сите им прети, на советници, на градоначалниците, на градоначалничката на Скопје.
Во партија викаат фала Богу што не тргна од овие луѓе, СРАМ ДА ТИ Е, вели Јакимовски.