Влегувањето на Бугарите во преамбулата на Уставот не не руши нас како Македонци. Второ, ако си стварно за ЕУ, а сега не сакаш, мислиш дека партиски добиваш? Утре задутре, ќе бидеш на власт. Тогаш ти ќе доаѓаш кај мене кога јас ќе бидам опозиција да ме молиш за две третини? Ако си стварно за Европа, речи да го тргнеме ова прашање од дневен ред. После ќе ја критикуваш владата за корупција, за криминал…, рече претседателот Стево Пендаровски во Само интервју на Канал 5.
На прашањето дали мислите дека Мицкоски ќе се премисли, Пендаровски вели:
Не мислам дека ќе се премисли. Моја проценка е дека вака мисли дека добива политички поени, а после изборите, на кои очекува да ги добие, мислам дека ќе се обиде да направи две-третини, рече Пендаровски.
На прашањето на новинарот зошто не го викнавте Мицкоски на лидерска средба пред да биде прифатен францускиот предлог бидејќи знаевте дека ќе ви требаат две третини за да се изгласа Пендаровски одговори:
Затоа што главниот советник на Макрон, Александар Адам се виде со делегација на ВМРО-ДПМНЕ. Им го кажа тоа што ми го кажа и мене. Тие беа запознаени со предлогот.