Употребата на крипто валутите им помага на проститутките и другите сексуални работнички да работат без да бидат откриени од полицијата.
Новинари на телевизијата Си-Ен-Би-Си разговарале со половина дузина онлајн проститутки, кои раскажуваат како користат крипто валути во нивната работа. Али Рае, 37 годишна мајка на три момчиња, ја напуштила професијата како болничарка за да стане ѕвезда на мрежата OnlyFans, каде жени и мажи нудат провокативни сесии за клиенти преку камера. Таа сега заработува над милион долари годишно.
Мрежата се соочи со сериозни проблеми од американските банки, кои почнаа да ја прекинуваат нивната соработка по зачестените информации дека жени кои нудат сексуални содржини на OnlyFans се принудени да го прават тоа. Затоа, Рае почнала да бара клиентите да ја плаќаат во крипто валути.
Таа станала толку успешна, што и самата формирала платформа наречена WetSpace, преку која интернет дамите можат да ги наплаќаат своите услуги во крипто валути.
Располагањето со нивните мачно заработени пари станува сериозен проблем за овој вид на виртуелни проститутки. Кристен ДиАнџело опишува ситуација кога лично ставила пари на својата дебитна картичка, пошла во ресторан и веднаш била одбиена од банката. „Дознав дека сметката ми е замрзната и шалтерската работничка ми ја скина картичката. Не сакаа ниту да ми кажат зошто го направиле тоа. Мислев дека светот ми се урнал“, вели ДиАнџело, која пак, пред да стане онлајн проститутка, работела на берза.
Откако уште две банки и ги замрзнале сметките, таа сега исплатите ги прима исклучиво во биткоин.