Можеи ова е единствената и последна шанса за да се спасат односите меѓу Северна
Македонија и Бугарија, затоа што понатаму Владата ќе има се помалку и се поразредена политичка енергија, но и целото општество да се посвети на едно прашање кое што троши и политичка енергија, но се разира ги троши и граѓаните во овие континуирани циклуси на надежи и на фрустрации, рече министерот за надворешни раоти Бујар Османи на денешната прес-конференција.
Министерот смета дека се должни да не ги изложат граѓаните на такви, како што кажа,
бесконечни фрустрации и разочарувања и дека ќе треба еден ден да се стави црта, односно да се каже дека е доста.
Ние не можеме да имаме ваков пристап во којшто владите ќе идат тематски, ќе се
занимаваат само со едно прашање и со една надеж. Ќе мора да се фокусираме внатре, да продолжиме внатре со реформите, со европеизација на државата, меѓутоа нема да може да има енергија понатаму да се продолжи како што еше до сега. И тоа им го кажуваме и на Бугарија дека сега има еден прозорец на можности и можеи последна шанса да се спаси тоа што го изградивме во претходните месеци и да почне едно ново поглавје на позитивни односи меѓу нашите држави, но и до ЕУ дека ќе мора да кажат што понатаму, нагласи Османи.