Бугарското вето веќе не е проблем. Разочарувањето е дека условите што ги постави Бугарија за дигање на ветото останатите 26 земји-членки на ЕУ ги прифатија како принцип – непочитување на македонскиот народ, непризнавање на македонскиот јазик, ставање на историјата како принцип за членство и мешање во внатрешните работи на суверена држава.
Претседателот на Франција Емануел Макрон, во својство на претседавач со Унијата вели дека се „блиску до договор кој овозможува правда за бугарските барања и ќе продолжи да преговара со „северномакедонците“.
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји вели дека „ЕУ ги сфаќа сите бугарски грижи многу сериозно и сега тие се дел од преговарачкиот процес“.
Значи, ЕУ сериозно сфаќа дека Бугарија сака Македонците да станат Бугари.
Оваа Европска унија не е онаа Европска заедница за која мечтаевме пред 30 години. Оваа Европска унија не е Унијата во која како млади и наивни се вљубивме пред 20 години. Ова е Европска унија во која надвладеаја бугарски вредности, која ни кажува дека ако сакаме да ѝ се придружиме треба да нè снема.
(извадок од колумната на Горан Михајловски за Сакам да кажам)
https://sdk.mk/index.php/sakam_da_kazam/bez-histerija/#.YrXcZnSeH1g.facebook