Три дена по објавата на документарниот филм „Швајцарски тајни“ којшто се објави од Истражувачката репортерска лабораторија ИРЛ и МРТ1, Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе отвори предистражна постапка за сметките на Минчо Јорданов, Благој Механџиски и Ларс Клинг, пишува ИРЛ.
По објавениот документарен филм како и истражувачките текстови во кои се содржани детали според кои двајца македонски бизнисмени поседувале приватни сметки во Швајцарија, а на кои сметки наводно се извршувале повеќемилионски трансакции, Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе ги проучи наводите и согласно своите надлежности отвора предистражна постапка по допрен глас , велат од обвинителството. „Случајот привлече внимание. Го гледавме филмот и очекуваме со нас ИРЛ да ги сподели своите информации, а во моментов обвинители веќе имаат отворено предистражна постапка и ги разгледуваат досега расположливите наоди“ , изјавила обвинителката Влма Русковска за ИРЛ.
Истражувачката репортерска лабараторија обелодени дека помеѓу стотиците лица од интерес во протечените банкарски податоци од контраверзната швајцарска банка „Кредит Свис“ се најдоа и македонскиот бизнисмен и поранешен вицепремиер Минчо Јорданов, бизнисменот Благој Механџиски и шведскиот инвеститор Ларс Клинг. На сметките на македонските бизнисмени имало десетици милиони евра, кои Јорданов не ги пријавил во својот анкетен лист, иако на тоа имал обврска.
https://www.youtube.com/watch?v=CHTwJ_I5RUw