Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчера на прес-конференција не знаеше да наведе ниту еден крупен капитален проект во областа на културата.
Во нејзината изјава секој втор збор и беше „реновиравме“, „обвновуваме“, „дотеруваме“, без да каже што изградиле, или пак што ќе изградат во наредниот период.
За моменти дури и се уфрлаше во збор и портпаролката Марија Зафироска, која не и дозволуваше да се изјасни министерката, при што на момети министерката велеше „само момент“, сакајќи да каже нешто, односно да се надополни на одговорите кои беа целосно празни.
Пет министри од актуелната власт не успеаа да реализираат речиси ништо од се она што бомбастично го ветуваше Владата предводена од СДСМ.
https://www.youtube.com/watch?v=5w_PIWJOR84&t=1s