Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски обвини дека власта на Зоран Заев ја искористила премиерската вила на Водно за во неа да го држи пратеникот Кастриот Реџепи од партијата БЕСА. Реџепи се потпиша на иницијативата за уривање на владата на Заев во ноември, но не се појави на собраниската седница, за подоцна во текот на денот и во наредните денови да информира дека се предомислил и дека решил да и помогне на владата во интерес на евро-интеграциите на Македонија.
БЕСА, ВМРО-ДПМНЕ и другите партии од тогашниот опозициски блок обвинија дека власта го киднапирала или на друг начин го спречила Реџепи да дојде на седницата. Вчера, во интервју за ТВ Шења, Николоски даде дополнително ниво на обвинувањата.
Дали поранешниот премиер Зоран Заев злоупотребил државни објекти, во коишто го чувале Кастриот Реџепи и дали државни објекти, пред сѐ премиерската вила и премиерските простории, се злоупотребени за Кастриот Реџепи да биде чуван, изјави Николоски.