Никола Димитров даде предлог градот Скопје да го смени името на улицата на која се наоѓа руската амбасада. Според Димитров, улицата треба да се вика „Херои на Украина“, и со тоа Русија ќе биде понижена, но ќе мора да го користи новото име на улицата.
Димитров се надоврза на одлуката на литванскиот главен град Вилниус, каде улицата пред руската амбасада го добила ова име. „Креативен предлог кој треба да се примени низ целиот свет. Да ги преименуваме улиците каде се руските амбасади во „Херои на Украина“, напиша Димитров на Твитер.
A creative move worth following all over the world: Rename streets where Russian embassies are located with “Heroes of Ukraine”! https://t.co/aE9iRA0iH7
— Nikola Dimitrov (@Dimitrov_Nikola) March 4, 2022
Улицата на која се наоѓа амбасадата го носи името „Пиринска“. Русија се соочува со вакви предлози со години – така на пример плоштадче пред нејзината амбасада во Вашингтон беше преименувано по името на Борис Немцов, рускиот политичар и противник на Путин кој беше убиен во 2015 година во Москва.